Екипи на ТППЕ Куманово во текот на изминатото деноноќие гаснеле сува трева во липковското село Матејче и на т.н. Романовски пат, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Пожарот во село Гошице, општина Липково е локализиран, соопштија надлежните.
Пожарникарите од Старо Нагоричане вчера гаснеле опожарен електричен разводен ормар во селото Жегљане и сува трева во Зебрњак.