Поради дефекти на водоводната мрежа повеќе локации во Куманово денеска се без вода.
Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за дефекти на улицата „319“ во населбата Ајдучка чешма, улицата „Гоце Делчев“ – објект Гарнизон каде се врши асистенција на инспекција при рушење на дел од објект, населбата Јане Сандански, улицата „1“ во населбата Долно Којнаре, како и дел од улицата „Индустриска“ (претпријатие „Силекс“).
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите, инфомираат од РЦУК.