Нема новозаболен од Ковид 19 во Куманово

Изминатото деноноќие не е регистиран новозаболен од Ковид 19 во Куманово, покажува извештајот на Министерството за здравство.

Изминативе 24 часа на ниво на земјава се евидентирани вкупно 64 новозаболени.

Направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи на ковид-19: Скопје – 50, Прилеп и Кавадарци по 5, Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница по 1.

Од вкупниот број позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекции. Оздравеле 296 пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица во болнички услови, по едно од Скопје (63) и од Струмица (77).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени две починати лица, од Скопје (73) и од Гевгелија (63).  Од вкупниот број починати (4), кај 3 се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се дијагностицирани 303.418 лица со ковид-19, оздравеле 292.344, починале 9.184, а бројот на активни случаи изнесува 1.890. Во Скопје има 1031 активни случаи.

 

 

Коментари

коментар(и)