Нова рекордна победа за ЖРК Куманово

Лидерот во женскиот ракометен шампионат на Македонија, екипата на Куманово, продолжи со доминантните партии, славеше убедливо (18-54) на гости кај РК Кузман-Вардар и е сигурен на првата позиција.

Избраничките на Ненад Краљевски константно водеа во текот на целата средба и во ниту еден наврат домаќинот не беше близу. Разликата беше евидентна уште на полувремето кога резултатот гласеше 12-23. Најдобра кај победникот беше Ана Шарановиќ која реализира 16 гола, пред Марковиќ со седум и Бечирхоџиќ со шест гола. Кај РК Кузман Вардар, Јовевска имаше шест реализации.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)