Нови 10 случаи на Ковид-19 во Куманово, 310 во државата

Десет нови случаи на Ковид-19 во Куманово, а 310 новозаболени на ниво на државата регистрира министерството за здравство во изминатото деноноќие.
Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани сe 355 оздравени пациенти, од нив 11 од Куманово и 4 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица. Пријавените лица се починати на 26.03.2022 год.

Бројот на активни случаи во државата изнесува 1.782.

Во Куманово – 47 активни случаи.

Коментари

коментар(и)