11 нови случаи на Ковид-19 во Куманово, 302 новозаболени во земјава бележи последната ковид-статистика на министерството за здравство.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe 315 оздравени пациент, од нив 13 кумановци.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица, а согласно Регистарот од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 2.046, а во Куманово 90.