467 нови случаи на ковид-19 во земјава, од нив 34 новозаболени кумановци покажува ковид-статистиката во изминатото деноноќие.
Од вкупниот број на позитивни , регистрирани се 58 реинфекции.
Евидентирани сe и 414 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица, меѓу нив и кумановец.
Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 3.233, во Куманово 155.