Општина Куманово објави конкурс за избор на сувенир за 2026 година. За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одлуките на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција. Краен рок за доставување на трудовите е 30 септември (среда) 2026 год., до 15:00h.
Наградата за „Сувенир на општина Куманово” е една и изнесува 150000,00 денари со вклучен ДДВ, а ќе биде поделена на два дела. Првиот дел во износ од 30.000,00 денари ќе биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд. Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 120.000,00 денари.