Фото-кино клуб „Козјак“ Куманово денеска го објави конкурсот за фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ за фестивалското издание 2022 година. Заинтересираните можат да конкурираат со кратки филмови, играни и документарни (не и анимирани), со траење до 20 минути и завршени после 1 јануари 2018 година, И 2022-та година ќе се доделат наградите „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, „Козјак“ за најдобро сценарио и награда за најдобар македонски (домашен) филм на filmaykozjak@gmail.com за да добијат инструкции за успешно аплицирање. Деталните информации за правилата и пропозициите ги има на веб-страна на фестивалот, а тековни известувања и новости ќе може да се следат на Facebook-страната, како и на FB-настанот.
Инаку, најдобар македонски филм на „ФИЛМАЈ 2021“ беше „Неонски срца“ на Ана Јакимска, а прв добитник на наградата беше филмот „Налепница“ на Георги М. Унковски на второто издание на „ФИЛМАЈ“ во 2020 година.
