Третиот Детски телевизиски фестивал „Бисерчиња“ се одржа вчеравечер во во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ кој што е во организација на Асоцијацијата за култура и уметност „Мулти Арт“ и ТВ Плус. Публиката во преполната сала имаше можност да ги проследи видео спотовите кои премиерно беа прикажани на фестивалот.
„Фестивалот „Бисерчиња“ продолжува со својата мисија да го прикаже детскиот талент преку нови песнички. Оваа година слушаме 15 нови рефрени за најразлични теми“ , изјави Драгана Станишковски, од „Мулти Арт“.
Спотовите за песничките се снимани од ТВ Плус, а во нив учествуваат членови од балетските студија од Куманово, кои што беа гости на фестивалската вечер.
Фестивалот се организира со поддршка од Секторот за култура при општина Куманово.
„Општина Куманово како и секогаш ќе ги поддржува овие настани, не само финансиски, туку и логистички и сме отворени за соработка“, изјави Александар Крстевски, раководител на Секторот за култура, спорт, социјална и детска заштита.
Досега вкупно се реализирани 26 видео спотови, 14 од настапите на дечињата на минатогодишниот фестивал, а 12 видео записи од првиот детски телевизиски фестивал „Бисерчиња“.