Одбележани 79 години од формирањето на Трета МУБ во Жегљане

Во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ (1941-1945 година) и граѓаните продолжувачи од Куманово, вчера традиционално се одбележа годишнината од формирањето на Трета Македонска ударна бригада во с. Жегљане.
Во знак на почит и благодарност на хероите од НОБ кои ги положија своите животи за слобода, пред спомен обележјето на бригадата свежо цвеќе положија делегации на Сојузот на борци, општина Куманово, АРМ, ЗАПВАРС, општина Старо Нагоричане и останати.
Пред присутните се обрати Зора Ивановска, член на претседателството на Сојузот на борци – Куманово.
Со интерпретација на литературни творби настапија и ученици од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош” – с. Драгоманце.

Коментари

коментар(и)