Општинската организација на Црвен крст Куманово ја одбележува Неделата на борба против срцевосадови заболувања, која се реализира во периодот од 21 до 28 февруари 2026 година под мотото „Здрав живот, здраво срце“.
Волонтерите од Клубот на млади вчера спроведоа теренска едукативна активност, во рамките на која, на вработените во општината, судот и на случајните минувачи им беа поделени едукативни флаери со корисни совети за превенција, рано препознавање на ризик-факторите и унапредување на здравите животни навики со цел заштита на срцевото здравје
„Со ваквите активности Црвениот крст продолжува активно да придонесува во подигање на јавната свест за значењето на превенцијата и зачувувањето на здравјето, поттикнувајќи одговорен однос кон сопственото срцево здравје“, информираат од Црвен крст Куманово.