Кумановската касарна „Боро Менков“ денеска ја одбележува 76 годишнината од загинувањето на народниот херој , чие име го носи. Боро Менков бил командант на Карадачкиот партизански одред, формиран на 12 октомври 1941 година. Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој пред присутните се обратија командантот на касарната и историчар од кумановскиот музеј.
– Како и тогаш така и сега задачите и обврските се големи, а целта е иста. Сите ние сме во функција на народот и државата, а со нашата храброст и патриотизам низ секојдневните активности и ангажирања го докажуваме тоа, изјави Ердоан Хасан, командант на касарна „Боро Менков“ Куманово
Патронот на касарната „Боро Менков бил прогласен за народен херој во 1951 година , со уште 65 –мина учесници во НОБ.
-На 14 октомври 1941 година карадачкиот одред се судри со многубројната бугарска војска и полиција. Во таа борба храбро загина Боро Менков, изјави Марија Живачки, НУ Музеј Куманово
На прославата присуствуваа претставници од претпоставените команди, од државната управа, јавните установи, правни и физички лица со кои АРМ соработува. Културно -уметничката програма беше збогатена со учество на гимназијалци и децата од градинката „Ангел Шајче“ .