Одбрана на голманката Бисера Паскал, номинирана во Топ 5 во Шпанија

Голманката Бисера Паскал од Куманово, која во моментов игра во Тенерифе, Шпанија на последниот натпревар со Морведре успеа да обрани четири од седум пенали.

За одличната одбрана за еден од пеналите (изведен од Александра Барбоша) е номинирана во Топ 5 одбрани во шпанската прва лига.

Да и дадеме поддршка на Паскал на следниов линк.

Паскал минатата сезона со ЖРК Куманово освои двојна титула, Женската супер лига на Македонија и Купот на Македонија. Taa е родена во 1996 година во Куманово.

Коментари

коментар(и)