Секторот за внатрешни работи информира дека утрово во 02.20 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“, полициски службеници лишиле од слобода двајца жители на кумановското село Романовце, на возраст од 22 и 24 години. Како што соопшти полицијата, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
