Одземени работни машини во село Бељаковце

Од билтенот на МВР издвојуваме неколку настани.

Малолетник вчера бил каснат од бездомно куче на булеварот „Октомвриска револуција“.  Случајот е пријавен во полицијата во 15 часот и 40 минути од страна на 34 -годишен кумановец, татко на детето, соопшти МВР.

Во текот на вчерашниот ден имало пријава и за одземени работни машини, сопственост на фирма ангажирана на изградба на пругата во кумановското село Бељаковце. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Вчеравечер во 21 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода шест лица на возраст од 30 до 41 година, сите од Куманово бидејќи по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Во пресметката се вклучила и една малолетничката која употребила остар предмет со кој повредила полициски службеник при обид да интервенира. Лицата биле задржани во полициска станицa и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.