Одложени активностите во Собранието поради автобуската несреќа

Поради автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма” во Бугарија, во која 46 луѓе ги загубија животите, денеска се одложени сите активности во Собранието. Одложени се и сите планирани средби.

Како што информира собраниската прес-служба, само Националниот совет за евроинтеграции ќе ја одржи третата седница. Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година е единствена точка на дневен ред на седницата.

 

Коментари

коментар(и)