Одржан Општински натпревар по англиски јазик во ООУ „ Христијан Карпош“

Во ООУ „Христијан Карпош“ изминатата сабота се одржа Општински натпревар по англиски јазик на ЕЛТАМ МК. На натпреварот учествуваа 125 основци и 31 средношколец од регионот Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце. Локални координатори за овој регион се професорката Милена Петковска од ООУ „Толи Зордумис“ и професорката Билјана Петровска од училиштето -домаќин на овој натпревар.

На натпреварот учениците од  ООУ „Толи Зордумис“ и ги постигнаа следните резултати:

  1. Бленд Алији, V4, освои 91 поен и второ место според поените, но го дели првото место на ниво на општина Куманово. Ментор е Ардита Саити Сејдиу.
  2. Кјара Ристиќ, VII2, освои 77 поени и трето место. Ментор – Наталија Ивановиќ.
  3. Давид Трајковски, VIII1, освои 88 поени и е второ место според поени, а трет е на ниво на општина Куманово. Ментор е Милена Петковска.

Тројцата ученици се пласираа и на Регионален  натпревар кој ќе се одржи на 08 април годинава.

Успешно учествуваа и Никола Богдановиќ, V2; Лијана Елезовска VI1; Арон Арифи, VI4; Илир Ајдини, VII4; Таибе Селмани, VIII4; Душан Петровиќ, IX2 и Деа Бислими, IX4.

Коментари

коментар(и)