Од 12.01.2026 до 12.02.2026 година граѓаните можат да поднесуваат барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2026 година и барања за обезбедување на помош за домување за 2026 година, објави Општина Куманово. Барањата со потребна документација се доставуваат до Архива на Општина Куманово
Инаку, субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2026 година можат да користат повеќе категории, стечајни работници кои живеат на територија на Општина Куманово, а кои не стекнале право на материјално обезбедување,
–самохрани родители,
-згрижувачки семејства
-деца без родители и родителска грижа
–приматели на право на социјална сигурност за стари лица,
– лица кои живеат на територија на Општина Куманово со навршени 26 години возраст, односно интелектуална попреченост, телесна попреченост, слепо и слабовидно (над 80% оштетен вид) лице и глуво и наглуво (над 65% оштетен слух) лице и Даунов синдром;
– приматели на право на посебен додаток и
– приматели на гарантирана минимална помош (ГМП).
Право на субвенционирање на трошоци за кирија ќе можат да го користат лицата кои имаат статус на:
-корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени
-корисници на социјална сигурност за стари лица и
жртви на семејно насилство.