Оливера Трајковска претседателка на Клубот на жени на „За наше Куманово“

Оливера Трајковска е избрана за претседателка на Клубот на жени на граѓанското здружение „За наше Куманово“, а за заменик претседателка Габриела Јовановска.

„Посакувам успешна работа, исполнета со сплотеност, ентузијазам и нови идеи, за наше Куманово, за наша Македонија! Продолжуваме заеднички за подобра иднина на нашите деца“, потенцира кандидатот за градоначалник од граѓанското здружение „За наше Куманово“ од последните локални избори и актуелен градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски.

По иницијатива на младите од ова здружение, формиран е Клуб на млади. За претседател едногласно е избран Борис Станковски.

Досега, покрај Куманово, и во Прилеп е формирано граѓанско здружение „За нашите граѓани“, а во Крушево е формирано граѓанското здружение „За иднината на нашите граѓани“. Во следниот период, предвидено е да се формира вакво здружение и во другите градови.

Коментари

коментар(и)