Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово со поддршка на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво реализираше спортски настан под мотото: „Спорт ДА – Дрога НЕ!”, информираат од Општина Куманово.
Домаќин на спорската активност беше ООУ „Карпош” од с.Умин Дол, каде што се натпреваруваа во футсал 3 спортски екипи во мешан состав од подрачните училишта во с.Ново Село и с.Љубодраг. Основната цел на настанот е поттикнување на младите, слободното време да го поминуваат во спорт, дружење, почитување на другите во непосредна околина, без насилно однесување и девијантни појави.
Благодарници за учество во кампањата им беа доделени на сите учесници во едукативните активности од страна на Отсекот за превенција – СВР Куманово.