Опожарена куќа во липковско Отља

Пожар зафатил семејна куќа во липковското село Отља, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарникарите од територијалната противпожарна единица го гаселе пожарот повеќе од еден час, кој избувнал во 14 часот вчера.

-Опожарена била кровната конструкција на објектот и е направена поголема материјална штета. Причината за пожарот и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува, соопштува РЦУК Куманово во дневниот билтен.

Коментари

коментар(и)