Пожарникарите од Куманово вчера речиси дванаесет часа гаснеле пожар во селото Винце, каде што освен нискостеблеста шума и сува трева, биле опожарени и куќи, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Според билтенот на РЦУК, пожарот го гаснеле три екипи од Територијалната противпожарна единица, волонтери од Црвениот крст и месното население.
Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека во пожарот во кумановско Винце од опожарената сува трева, била зафатена една стара куќа во која никој не живее.
Инаку, опожарени грмушки и сува трева биле регистрирани и во селото Матејче, а сува трева горела и во Ропаљце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
За состојбата со денешните пожари во Македонија од изјавата на Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.