Во кумановското село Орашац вчера попладне биле опожарени викендичка и пчелни кошници, информираат надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, вчера во периодот од 18 до околу 22 часот траела интервенцијата на екипи на противпожарната единица од Куманово. Причината за настанување на пожарот допрва ќе се утврдува.
Во текот на вчерашниот ден пожарникарите гаснеле опожарена сува трева, стрниште, грмушки и нискостеблести растенија на поголема површина која се протега помеѓу селата Љубодраг и Ново Село кон Ропаљце, а опожарено стрниште и сува трева гаснеле и во липковските села Матејче и Отља.