Опожарени се две трафостаници на одделни локации во текот на вчерашниот ден. Пожарникарите веднаш реагирале и ги изгаснале пожарите, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Првиот пожар бил регистриран на трафостаница на улицата „Пиринска“, вчера во утринските часови, а втората трафостаница на улицата „Киро Антевски“ почнала да чади во попладневните часови околу 17:00. Пожарникарите интервенирале половина час.
Кумановските пожарникари вчера гаселе и запален смет на локација пред влезот на населбата „Перо Чичо“.