Кумановци можат да дадат сугестии и предлози од кои дел ќе бидат вметнати во новиот Генерален-урбанистички план. Секторот за урбанистичко планирање објави анкета, која е достапна на веб страницата на општината. Анкетата ќе биде отворена еден месец.
-Куманово има ГУП истиот е донесен 2004 година и се до донесување на нов се применува важечкиот. Од страна на ЈП Куманово План изготвена е предлог планска програмата која е во фаза на одобрување од надлежни институции, по нејзино одобрување согласно трипартитниот договор ќе и биде доставена на Агенцијата за планирање на просторот која е должна да го изработува ГУП-от во соработка со ЈП Куманово План-велат од секторот за урбанизам.
