Граѓаните на Куманово утре на првиот буџетски форум што ќе се одржи во Занаетчиски дом во 12 часот ќе можат да ги претстават своите предлози и потреби за креирањето на општинскиот буџет за 2027 година. Вториот форум е закажан на 30 октомври, а на третиот форум, кој ќе се одржи на 3 ноември, ќе се спроведе финална селекција и рангирање на предложените проекти.
Целта на буџетските форуми е да се овозможи поголемо учество на граѓаните во одлучувањето за општинските приоритети и во креирањето на буџетот за 2027 година.
Активностите се организираат во рамките на проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведуван од Националниот демократски институт (NDI).