Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 18-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Според полицијата, пред десет дена, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки од со 44 парчиња муниција.