Куманово поддржа 50 ученици од основно и средно образование од градот за тестирање и сертифицирање за глобално признаениот сертификат, Microsoft Office Specialist, соопштија денеска надлежните. По тој повод, учениците и менторите се сретнаа со претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска која ја истакна огромната важност на дигиталната писменост, развојот на компјутерските знаења и вештини, со цел модерно, иновативно и успешно информатичкото општество. Општината по четврти пат го поддржува тестирањето на учениците за глобалниот сертификат.
Општина Куманово поддржува талентирани ученици
