Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека изминатата ноќ, 45 минути по полноќ на булеварот „Октомвриска револуција“, полициски службеници лишиле од слобода слобода 54-годишен жител на село Љубодраг, кумановско.
„При контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „фолксваген“, при што било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,27 промили алкохол во организмот“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.