Општина Куманово: Ја почитуваме одлуката на ДКСК

Целосно се запира постапката којашто беше поведена против Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски од страна на Државната комисија за спречување на корупција по доставена анонимна пријава за наводна злоупотреба на службената должност при распределба на средства за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година.

Како што е наведено во одлуката на ДКСК од 26.04.2021 година, согласно со одредбите на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата нема елементи за натамошно постапување по предметот.

Дополнително, се наведува дека на 21.01.2021 година е извршен и вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа, при што е констатирано дека во конкретниот случај од страна на Советот на општината било постапено во согласност со законските надлежности, врз основа на Законот за локална самоуправа, Законот за спорт и Законот за здруженија на граѓани, а предметните наводи за злоупотреба на службената должност на градоначалникот и незаконско доделување на финансиски средства за поддршка на спортот не се потврдени, напишаа меѓудругото на сајтот на Општина Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)