Општина Старо Нагоричане и оваа година ќе ја додели традиционалната „Ноемвриска награда“, по повод 11-ти Ноември – Ден на ослободување на Старо Нагоричане.
Денеска е распишан Конкурс за доделување на Ноемвриска Награда за 2026 година, кој опфаќа девет категории.
„Предлозите за Ноемвриска награда во писмена форма, преку архива на општината да се достават до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 22.10.2026 година“, информираат од Општина Старо Нагоричане.