Општина Чаир пренамени околу 20.000 евра како помош за семејствата на загинатите

Општина Чаир вчера на вонредна седница на Советот одвои парични средства за семејствата на загинатите. Дури 16 од нив беа од оваа скопска општина. Станува збор за вкупна сума од околу 20 илјади евра , објави АЛСАТ.

„Ние како општина сметавме дека треба да им помогнеме на овие семејства со тоа што ќе направиме пренамена на средствата предвидени за украсување на нашата територија за новогодишните празници. Овие средства ќе им ги дадеме на семејствата на починатите лица од трагичната несреќа во Бугарија. Се надеваме со овој наш чин да им излеземе малку во пресрет и да им ја ублажиме болката на семејствата кои загубија свои блиски во трагичниот настан“, изјави градоначалникот на општина Чаир.

Коментари

коментар(и)