Општинско првенство во атлетика и зонски натпревари

Општинскиот  сојуз на училишен спорт на Куманово вчера одржа Општинско првенство во атлетика за основни училишта во машка и женска конкуренција во категорија 6 и 7 одделение и 8 и 9 одделение. На првенството учествуваа околу 150 натпреварувачи во повеќе дисциплини: трчање на 300 метри, скок во далечина и штафетно трчање.

Денеска, пак, на градскиот стадион во Куманово се одржаа зонските натпревари во фудбал за основни училишта во машка и женска конкуренција.  Понатаму одат основните училишта „Наим Фрашери“ – машки и „Кирил и Mетодиј“- девојчиња, информира Ивица Ѓорѓиевски , претседател на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Куманово.

Коментари

коментар(и)