На паркингот кај градскиот базен утре ќе бидат отворени осмиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и четвртиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агромак“. Саемската манифестација ќе трае три дена, во периодот од 09 до 18 часот.
Целта е да се промовираат здрави производи, современи земјоделски технологии и можности за преработка на храна.
Настанот е организиран со поддршка на Општина Куманово, преку Програмата на Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој – ЛЕР.