Осмомартовски марш за женската сиромаштија – утре во Скопје

Утре, на Меѓународниот ден на жената, ќе се маршира за женската сиромаштија, која се продлабочи со пандемијата на ковид-19 и сите последици.

Маршот ќе започне напладне во Жена-парк, а ќе продолжи кон Владата, се вели во соопштението на Платформата за родова еднаквост.

Со почеток во 12 часот, на овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што ние жените сме еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаме еднаквост во речиси ниту еден аспект од нашите животи, на работа или дома, во политиката и социјалниот живот, се вели во повикот.

Коментари

коментар(и)