Останаа уште сто ваучери за пензионерите со ниска пензија

Здружението на пензионери Куманово утре ќе ги подели последните 100 ваучери на своите членови кои што имаат пензија до 11.000 денари.  Изминативе два дена беа доделени  вкупно 650 ваучери во износ од 1.000 денари на пензионерите со ниски пензии. За ваучер годинава немаа право да се пријавуваат пензионерите кои што веќе користеле ваучер претходните две години. Оваа активност влегува во годишната програма на здружението врз основа на планираниот финансиски план.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)