Полициските службеници вчера казниле вкупно 83 возачи на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Најголем дел од казните биле поради непрописно затемнети стакла и возење без возачка дозвола.
МВР соопшти дека при контролата санкционирани се 83 возачи, од кои 19 за возење без возачка дозвола, 22 за непрописно вградени фолии(затемнети стакла), 7 за истечена важност на регистрација и 5 мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници. На сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли, како што посочуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.