Регистрирани се 262 нови случаи на Ковид-19 на ниво на државата во последните 24 часа. Во Куманово бројот на новозаболените изнесува 8.
Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 39 реинфекции.
Во изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (87) во болнички услови.
Во изминатото деноноќие пријавени сe и 326 оздравени пациенти, од нив 12 се од Куманово.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 1.770.
Во Куманово активни се 43 случаи.