Во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, се отвори шестата по ред меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Приказна 2022”, организирана од Фото клуб Куманово.
Photo Story 2022 година успеа да добие покровителство од повеќето светски фотографски организации, меѓу кои ПСА и ИААП. Овие покровителства претставуваат вистинско и големо признание за осумгодишната напорна работа на членовите на ФК Куманово.
На изложбата пристигнаа фотографии од 171 автори од вкупно 39 земји, а изборот на најдобрите и наградените уметнички фотографии го направи еминентното жири. Беа доделени 99 награди, а неколку автори од Македонија се најдоа меѓу наградените.
Изложбата е финансирана од Министерството за култура и исто така е дел од Деновите на култура при Општина Куманово.
