ОУ „Кочо Рацин“ домаќин на ученици од четири земји

Основното училиште Кочо Рацин деновиве е домаќин на група професори и ученици од Португалија, Шпанија, Турција и Италија во рамките на Еразмус проектот „Чувари на водите“ – GLOW.

Тие ќе работат на откривање на биодиверзитетот и различните видови растенија и животни во непосредна близина на Куманово, по течението на Пчиња на локалитетот, Бислиска клисура и кај село Пелинце.

Активностите во Охрид, во Бислимска Клисура и покрај реката Пчиња кај село Пелинце, имаат за цел учениците да научат повеќе за биодиверзитетот и различните видови флора и фауна преку собирање на примероци, фотографирање и идентификување на примроците.

Стручни лица од македонско-еколошкото друштво им помагаат на учениците за идентификување на примероците на растенијата и животните. Преку изготвување на презентации учениците ќе соработуваат во тимови и креативно ќе се изразат со користење на собраните примероци флора.

Училиштето е домаќин на вкупно 25 ученици на возраст од 11 до 14 години и десет наставници од четири европски држави.

Во наредниот период, односно следната учебна година ќе се организираат посети на другите четири држави каде исто така ќе се разгледуваат водите од различни аспекти, туризам, спорт, значење за животната средина.

 

Коментари

коментар(и)