Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово организира панел-дискусија по повод кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените“, која ќе се одржи под мотото: „Сплотени дејствуваме – одлучни против насилство!“. На настанот, кој ќе се одржи утревечер со почеток во 19.30 часот, во големата сала на поранешен комитет ќе учествуваат министерот за труд и социјална политика, министерот за внатрешни работи, претседателката на Унијата на жени, социјален работник, психолог.
„Преку оваа панел-дискусија сакаме да испратиме силна и недвосмислена порака дека борбата против насилството врз жените е заедничка одговорност на институциите и целото општество. Насилството не смее да биде премолчено, оправдано или игнорирано. Потребни се солидарност, институционална поддршка, храбро пријавување и заедничко дејствување“, посочуваат од Општинскиот комитет на Унијата на жени.