Патронен празник на гимназијата „Гоце Делчев“ (ВИДЕО)

Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска одбележува  118 години од загинувањето на македонскиот револуционер, како и 76 години од постоењето на училиштето. Пред бистата на Делчев во дворот на училиштето цвеќе положијa претставници на гимназијата, општината, советот, политичките партии, друштвото на писатели.

Пред присутните се обрати директорката Марија Тодоровска, истакнувајќи дека денеска му оддаваат почит за се што сторил за својот народ, а воедно задоволни се и од реализацијата на онлајн наставата во училиштето.

– Денеска во малку поскромни пригоди го прославуваме патрониот празник затоа што сакаме да ги испочитуваме сите прописи според здравствената организација со положување на цвеќе пред бистата на нашиот патрон. Иако имавме подготвена музичка програма, тоа ќе го оставиме во подобрите времиња, да се надеваме дека ќе се подобри состојбата и дека нашите ученици ќе се претстават пред платото на центарот за култура. Целата година наставата ја одржуваме онлајн, обезбедивме добри услови за да можат и наставниците кои што имаат проблеми со ит опрема да ја држат наставата од училиштето, обезбедивме таблети за ученици од ранлива категорија за да можат и тие непречено да присуствуваат на наставата, сме задоволни од реализацијата на наставата и сме горди што нашите ученици и покрај онлајн настава сепак се учесници на сите натпревари, трибини, квизови, конкурси што не повикуваат како училиште да учествуваме, изјави Марија Тодоровска, директор на СОУ Гимназија  „Гоце Делчев“

За ликот и делото на Гоце Делчев говореа ученички во гимназијата посочувајќи дека станува збор за светла личност од македонската историја.

Делчев е роден на 4-ти февруари 1872 година во Кукуш.  Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Бил учител во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Инаку, градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот, Атина Мургашанска по повод одбележувањето на годишнината од смртта нa   предводникот на македонското национално ослободително движење, Гоце Делчев, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св.Спас” во Скопје.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)