Основното училиште„Толи Зордумис“ денеска го одбележа патрониот празник – 63 години од постоењето на оваа образовна установа која гордо го носи името на кумановскиот херој од НОБ.
Во рамките на свеченото одбележување организирано по повод патрониот празник, беше оддадена почит кон ликот и делото на патронот.
Делегација од општина Куманово, предводена од претседателката на Советот на општината, Ивана Ѓорѓиевска, положи свежо цвеќе пред бистата на Толи Зордумис, поставена во училишниот двор.
Прогласени беа и учениците на генерацијата од паралелките на македонски и на албански наставен јазик.
Ученици на генерацијата во ООУ „Толи Зордумис“ се Кјара Ристиќ и Ељвина Дервиши.