„Пензионерите пеат за својот град“ вечерва во Центарот за култура

По повод Денот на ослободувањето на Куманово – 11 Ноември, здружението на пензионери „Куманово” вечерва ќе ја одржи традиционалната манифестација „Пензионерите пеат за својот град”, информираат надлежните.

Во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев” ќе настапат членовите на фолклорната ,хорската и пеачката секција, а ќе бидат прикажани и инсерти од претставите „Ленче Кумановче” и „Коштана”.

Свој придонес во одбележувањето на Денот на градот ќе дадат и членовите на „СРМА“ од Куманово.

Почетокот е во 18 часот, влезот е бесплатен.