ВИДЕО: Петковска: Корисниците на домот се нашето минато, ние сме нивната иднина!

Волонтерската група од гимназијата „Гоце Делчев“ во чест на претстојниот празник 8-ми Март денеска беше во посета на домот за стари лица „Зафир Сајто“.

Освен цвеќе, младите волонтери на највозрасните кориснички на услугите на оваа установа им подарија и по неколку прекрасни стихови посветени на жената.

Со волонтерската група координира професорката по македонски јазик Ангела Петковска.

Коментари

коментар(и)