Петто издание на фестивалот „ФИЛМАЈ“

На 30-ти и 31-ви мај  (вторник и среда), во Занаетчиски дом  ќе се одржи петтото издание на „ФИЛМАЈ” 2023, фестивалот на краток филм – Куманово. Организаторите најавуваат дека ќе бидат прикажани 16 филма. Наградени филмови се новозеландскиот „Дацун3 режиран од Марк Албистон, српскиот „Ѕвер“ со Јуриј Искаков како директор на фотографија, „Сеќавање на брза бура“ (Грција) по сценарио на Софија Георговасили, заедно со најдобриот домашен филм „Проблемот на Тина“,  и „Помеѓу зборовите“ од Луксембург како најдобар краток филм .

Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се: хрватскиот „Железна уста“, „Досие“ (Иран), „Цреши“и „Техно, мама“ од Литванија, мексиканскиот „Онан“, „Никој“ (Португалија), „40 минути“ и „Ден за капење“ од Русија, швајцарско-францускиот „Ферплеј“, и шпанските „Клаудија“ и „Хелено“.

Стручното жири на овогодишниот ФИЛМАЈ беше составено од три члена: Симона Димковска (актерка), Борна Зидариќ (сценарист и режисер) и Мартин Давитковски (член на фото-кино клуб „Козјак“).

Фестивалот двата вечери ќе започне во 20 часот, а влезот  е бесплатен за сите посетители.

Коментари

коментар(и)