„Пишувам кирилица, зборувам македонски“ денеска во ООУ„Христијан Карпош“

Проектната активност „Да читаме македонски автори” е заедничка активност на здружението „Биди Своја” и ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” во рамки на проектот  „Пишувам кирилица, зборувам македонски”, која денеска се реализираше во основното училиште „Христијан Карпош” од Куманово со ученици од трето, четврто и петто одделение.

Учениците беа селектирани од нивните одделенски наставници и учествуваа во активноста преку рецитал и изразно читање на текст од македонски автори кои беа избрани од комисијата за оценување.

Комисијата за оценување ја сочинуваа: Оливера Трајковска (претставник на „Биди Своја”) , Христина Алексовска (директорка на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски”) и Лилјана Симонова (професор по македонска книжевност, волонтер на „Биди Своја”).

-Сите ученици покажаа одлично владеење на македонскиот јазик и солидна дикција што е резултат на нивните читателски навики и успешно менторирање од страна на нивните одделенски наставници, велат надлежните.

 

Коментари

коментар(и)