Планинарите од ЗПЗП „Козјак 2013″вчера на традиционален начин го обележаа празникот посветен на жената. Беше организирана осмомартовска акција на Бислимска Клисура на која учествуваа околу 220 планинари од Куманово, Скопје, Велес, Тетово на која на жените планинарки им беа подарени пригодни беџеви.
– Оваа акција е традиционална веќе неколку години и е добра прилика жените на поинаков начин да го прослават празникот, а и да се промовираат убавините на кумановскиот крај, велат од здружението.