Повик за набавка за опрема на механизација од Општина Куманово

Општина Куманово денеска објави оглас за набавка на возила за четири јавни претпријатија. Општината ги обезбеди средствата преку долгорочно домашно задолжување во рамките на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2).

Проектот се реализира преку потпишување на договорот за под-заем со Министерство за финансии, во рамките на средствата обезбедени со проектот подобрување на општинските услуги финансиски со заем од Светска банка, во висина 63 милиони 754 илјади 712 денари, со цел финансирање на капитален проект, односно набавка на 12 возила за четири јавни претпријатија.

ЈП „Водовод” ќе добие комбиниран ровокопач-натоварувач, „Чистота и Зеленило” опрема за изнесување и депонирање на отпад (автосмеќар, автодигач, трактор со приколка и работна машина), како и опрема за зимско одржување на сообраќајници (три камиони со опрема за зимско одржување-плуг за расчистување на снег и соларка за фрлање на сол и ризла), „Куманово-Паркинг”, специјализирано возило (пајак) и „Куманово-Гас” опрема за изградба и одржување на дистрибутивна гасоводна мрежа (ровокопач-утоварувач, камионет, комерцијално возило).

Огласот е објавен на веб страниците на Општината, на јавни набавки и во три дневни весници и ќе трае до 20 мај годинава. Одлуката за задолжување ја донесоа советниците на седница во октомври лани, по жестока дебата со опозицијата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)